Дангалеатски јазик
Дангалеатскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од подгрупата на источночадски јазици.
Дангалеатски јазик | |
---|---|
Daŋla | |
Застапен во | Чад |
Подрачје | централен |
Говорници | 60,000 (2005)e18 |
Јазично семејство | афроазиско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | daa |
Преглед
уредиЈазикот го зборуваат околу 60.000 луѓе според податоците од 2005 година. Бројот на говорници на јазикот е во пораст. Јазикот се зборува во регионите Гера и Бата во Чад. Јазикот е составен од три дијалекти, западен, источен и централен. Народот исто така зборува и на арапски јазик. Дангалеатскиот се користи во основните училишта, има објавено литература и речници на дангалеатскиот. Сепак, писменоста на јазикот е до 5%. Јазикот се пишува на латиница.[1]
Фонологија
уредиСогласки
уснени | алвеоларни | непчени | меконепчени | |
---|---|---|---|---|
безвучни експлозивни | p | t | c | k |
звучни експлозивни | b | d | ɟ | g |
имплозивни | ɓ | ɗ | ʄ | |
безвучни фрикати | s | |||
звучни фрикати | z | |||
носни | m | n | ɲ | ŋ |
апроксимантни | w | j | ||
странични | l | |||
вевни | r / ɾ |
Самогласки
i / ii | u / uu | |
e / ee | o / oo | |
ɛ / ɛɛ | ɔ / ɔɔ | |
a / aa |
Наводи
уреди- ↑ Дангалеатски јазик на „Етнолог“.
Надворешни врски
уреди- Дангалеатски јазик на „Етнолог“.