Губење на широкиот изговор на јатот во македонскиот јазик
Губење на широкиот изговор на јатот во македонскиот јазик се однесува на периодот 15-16 век. Јатот бил долга самогласка. Се претпоставува дека се изговорал како ⓘ (широко е).
Бележењето Prilapo (), Praspa () во некои венецијански документи од 14 в. покажува дека во тоа време во Средна Македонија уште се изговарало широко е. Бележењето Дранова (Дреново, Тиквешко) се среќава во турски дефтер од втората половина на 15 в. со попис на Велешката Нахија. Во дефтерот за Прилепската нахија од приближно истото време имаме Раховец (денешното с. Ореовец). За охридскиот говор æ: е засведочено исто во втората половина на 15 век. Во грчки натпис од охридската црква Св. Константин и Елена се забележани, во генитивна форма, и овие имиња на села од Охридско, во кои се среќава широко е: Λεασκοβτσον, Βελεαστοβον (денешното: Лескоец, Велестоо). Во костурскиот говор, како што покажува Речникот на костурскиот говор во 16 в. процесот > бил во тек, но уште не бил завршен (сп. таму: колj'ано, млj'ако, невj'аста спрема б'ела, д'едо, нед'ела; „јат“ не било загубено уште ни во неакцентиран слог: сjач'иво, врjат'ено).
Може да се претпостави дека преминувало во прво во неакцентирани слогови, а после и под акцент. Замената е за „јат“ ја познаваат српските екавски говори и западнобугарското наречје. Таа станува, значи, на една географски поврзана територија и претставува несомнено општ процес. Што се однесува до правецот на нејзиното ширење, се претполага обично експанзија од страна на српските екавски говори.
Литература
уреди- Конески, Блаже (2021). Историја на македонскиот јазик: историска фонологија на македонскиот јазик. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 98–104. ISBN 978-608-203-327-3.