Грчка лига за правата на жените

Грчката лига за правата на жените (грчки: Σύνδεσμος για τα Δικαιώματα της Γυναίκας) била грчка феминистичка организација основана во 1920 година во Атина за да ги промовира политичките права на жените вклучувајќи го и правото на глас. Поврзана со Меѓународната алијанса на жени, организацијата продолжува да биде активна и денес.[1][2]

Заднина

уреди

Голем број иницијативи за поддршка на жените биле преземени откако Грција добила независност во 1828 година, особено во сферата на образованието. Во 1872 година, Калиопи Кехаџија (1839-1905) го основала Друштвото за промовирање на образованието на жените. Калирои Парен (1861-1940) ја основала Унијата за еманципација на жените во 1894 година и Унијата на Гркинките во 1896 година, иако и двете избегнувале повици за контроверзната кауза за правото на глас на жените. Националниот совет на Грчките жени, чадор организација за околу педесет добротворни здруженија за жени и деца, бил основан во 1911 година. Напредокот на образовниот фронт бил постигнат со приемот на жените на Универзитетот во Атина и во 1911 година, основањето на Лицеумот на Гркинки (Ликејон тон Елинидон), здружение кое се стремело да го оживее славното минато на Грција. Дури во 1920 година Авра Теодоропулу ја основала Грчката лига за правата на жените, барајќи конкретно напредок во политичките права и избирачкото право.[2][3]

Историја

уреди

Лигата била особено активна во 1920-тите, 1930-тите и 1950-тите, успевајќи да ги укине дискриминаторските закони и да постигне напредок во семејното право.

Феминистичкото списание Женска борба организацијата го издавала од 1923 година, годината кога станала поврзана со Меѓународната алијанса на жените.[1]

Во 1982 година го основала Центарот за документација и проучување на женските проблеми.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Greek League for Women's Rights“. EIGE. Посетено на 23 May 2017.
  2. 2,0 2,1 Bacchetta, Paola; Power, Margaret (2002). Right-wing Women: From Conservatives to Extremists Around the World. Psychology Press. стр. 116–. ISBN 978-0-415-92778-9.
  3. Rappaport, Helen (2001). Encyclopedia of Women Social Reformers. ABC-CLIO. стр. 529–. ISBN 978-1-57607-101-4.

Надворешни врски

уреди