Грб на Општина Велес
Грб на Општина Велес — официјален грб на Општина Велес
Грб на Општина Велес | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | н/п |
Штит | штит |
Опис
уредиГрбот на општина Велес е долговечен и донесен пред 42 години. Тој е во форма на штит, на горниот дел е напишано името на градот а во средината е Градскиот саат, под него е машински запченик, кој ја симболизиран индустријата, која сè до пред десетина години беше движечка гранка за развој на општината. Лево и десно од Саат кулата се амфитеатрално поставени двете страни на градот со повеќе куќи, а под нив се бранови, кој ја симболизираат реката Вардар.
Грбот на Велес, тогаш донесен како амблем, е решение на Тодор Груев. За сите овие години тој нема промени, освен во 1997-та кога се избриша придавката Титов од името на градот, па се избриша и од грбот. Со понуденото решение, тој го отсликува Велес, немаше идеолошки знаци и затоа успеа да остане ист толку време, како што е донесен.
Според документите од Државниот архив, при истражувањето на ТРМР, грбот на Велес е донесен наменски на седница на Собранието на општината на 4-ти ноември 1969-та неколку дена пред празнувањето на ослободувањето на градот, во време кога претседател на градот бил Александар Варналиев.
Во документите не пишува дали грбот е донесен по повик на конкурс или е нарачан од авторот, Тодор Груев кој бил дипломиран етнолог, директор на велешкиот музеј од неговото формирање 1951 до 1972.
Носечки симбол во грбот на Велес е Саат-кулата која потекнува од 14 век и е една од најстарите градби. Лево и десно од неа е прикажана старата градска архитектура во форма на визури што се амфитеатрално распослани од двете страни на Вардар. Во подножјето на Саат-кулата е претставена реката, а веднаш под неа запченик кој го симболизира индустрискиот развој на градот. На горниот дел од грбот е испишано името на градот – Велес.[1].