Грбот на Азорите претставува девет ѕвезди на црвена рамка на штит, кои ги претставуваат деветте острови на архипелагот. Црвената рамка опкружува сив штит во кој се наоѓа син орел со подигнати крилја, канџите, јазикот и клунот на орелот се обележани со црвена боја. Над штитот се наоѓа затворен шлем во златна, црвена и сина боја, над којшто се наоѓа уште еден син орел со деветте ѕвезди на градите.

Поврзано

уреди