Градски стадион Сурдулица
Градски стадион Сурдулица, моментално познат како стадион Ефбет поради спонзорски причини, е фудбалски стадион во Сурдулица, Србија. Тоа е домашен терен на ФК Радник Сурдулица. Стадионот има сместивост од 3.312 гледачи.[1][2]
Стадион Ефбет | |
Местоположба | Сурдулица, Србија |
---|---|
Координати | 42°41′32.5″N 22°9′55.5″E / 42.692361° СГШ; 22.165417° ИГД |
Сместивост | 3,312 |
Отворен | 1955 |
Корисници | |
ФК Радник Сурдулица |
Стадионот постои од 1955 година и од почетокот служи како домашен терен на ФК Радник Сурдулица. Во 1987 година била создадена јужната трибина. Во 2015 година ФК Радник бил промовиран за прв пат во својата историја во Српската Суперлига и во летото 2015 стадионот бил модернизиран и проширен; поставени биле нови трибини на исток, север и запад, како и јарболи за рефлектори.[1][2][3][4] Реновирањето чинело околу 40 милиони динари, а капацитетот на стадионот бил зголемен на 3.312 седишта.[5]
На 23 мај 2018 стадионот бил домаќин на финалето на Купот на Србија помеѓу ФК Партизан и ФК Младост Лучани. Натпреварот се играл на полн стадион и со резултат од 2–1, Партизан ја освоил титулата по шести пат во историјата (петнаесетти, вклучително и југословенската ера).[6][7] Организацијата на овој натпревар во Сурдулица била доведена во прашање поради релативно малиот стадион и безбедносни причини, но федерацијата останала на одлуката.[8][9][10][11][12][13]
На 15 ноември 2018 година на стадионот се одиграл пријателски натпревар помеѓу српската и македонската фудбалска репрезентација до 18 години.[14] Српскиот тим победил со резултат од 2-0.[15]
Во сезоната 2018–19, по историската промоција во Суперлигата, ФК Динамо Врање повеќето од своите натпревари ги одиграла на градскиот стадион Сурдулица поради инфраструктурни проблеми со теренот во нивниот град.[16][17]
Ѕидовите после јужната, главна трибина се насликани со карактеристични мурали.[1][18]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Gradski Stadion Surdulica“. Stadiony.net. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „STADION“. FK Radnik Surdulica. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ Ljubica Stojanović (13 August 2015). „Reflektori u Surdulici čekaju da prođe meč sa Zvezdom“. Južne vesti. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ Stojanović, Ljubica (2015-08-13). „Radnik sprema reflektore za meč sa Zvezdom“. Južne vesti (српски). Посетено на 2021-11-25.
- ↑ „Surdulica se sprema za utakmice u Superligi“. Novosti.rs. 18 June 2015. Посетено на 21 November 2021.
- ↑ „Партизан освојио Куп по 15. пут“. Radio Televizija Vojvodine. 23 May 2018. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ A. Kovačević (23 May 2018). „Kup je Partizanov – preokret crno-belih za prvi Đukićev trofej!“. B92. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „NIKO NE ZNA KAKO JE I ZBOG ČEGA FSS IZABRAO GRAD U KOJEM ĆE SE IGRATI FINALE KUPA: Rim, Madrid, Pariz, London, Berlin... i – Surdulica“. Novosti.rs. 11 May 2018. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „Partizan zbog tri frakcije "grobara" neće u Surdulicu na finale Kupa“. Blic Sport. 11 May 2018. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ A. Kostić (11 May 2018). „FK Radnik: Finale Kupa igraće se na stadionu evropskog ranga“. Južne vesti. Посетено на 23 November 2021.
- ↑ „Surdulica ostaje bez finala Kupa Srbije?“. ALO!. 11 May 2018. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „Surduličani kivni na Partizan: Ima života i izvan beogradskog kruga dvojke!“. Mozzart Sport. 11 May 2018. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „Odbijen zahtev Partizana, finale Kupa ostaje u Surdulici“. Blic Sport. 14 May 2018. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ Ljubica Jocić (13 November 2018). „Surdulica domaćin fudbalskim reprezentacijama Srbije i Makedonije“. Južne vesti. Посетено на 23 November 2021.
- ↑ „MLAĐI OMLADINCI U SURDULICI UBEDLJIVI U PROVERI SA BJR MAKEDONIJOM -2:0(1:0)“. Fudbalski savez Srbije. 15 November 2018. Посетено на 23 November 2021.
- ↑ M. Jovanović (7 November 2018). „Antić: Privatnici se udružili da stadion "Jumko" osposobe za Superligu“. Južne vesti. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „Dinamo slavio protiv Voždovca pred punim tribinama stadiona "Jumko"“. Južne vesti. 20 April 2019. Посетено на 20 November 2021.
- ↑ „Era murala: U Surdulici nikao jedan za Piksija“. Vranjenews. 15 November 2021. Посетено на 20 November 2021.