Градска библиотека Малме

Градската библиотека во Малме е општинска јавна библиотека во Малме, Шведска, била отворена на 12 декември 1905 година. Има 550.000 различни извори за читање и слушање, околу 10.000 ДВД-а и 33.500 музички ЦД-а. Во 2006 година, таа станала првата библиотека во Шведска која позајмувала видео игри.[1]

Во 1946 година, библиотеката се преселила во „Замокот“ во Регементсгатан. Замокот, првично бил изграден за музејот Малме, а бил дизајниран од архитектите Џон Смедберг и Фредрик Сундберг кои биле инспирирани од данските и јужните шведски ренесансни замоци.

Градската библиотека во Малме, како што е денес, се состои од три згради:

Старата зграда на библиотеката;

новата, централна влезна зграда и

новата зграда на библиотеката - сите обединети со стаклени коридори. Една од зградите, „Календарот на светлината“ била дизајнирана од данскиот архитект Хенинг Ларсен.

Дневната светлина игра суштинска улога во сите градежни простори и се доживува како стимулирачки и различен елемент во текот на сите часови од денот. Влезниот простор е осветлен одозгора покрај ѕидовите, додека централниот простор ја исполнува целата просторија со светлина што тече надолу и се филтрира низ катовите. Овде, небото го сочинува погледот. Големиот простор функционира како еден вид „календар на светлината“ каде светлината е обоена од лисјата на големите дрвја во паркот кој се наоѓа пред замокот.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Om huset och dess historia“ (шведски). Malmö Municipality. 19 May 2021. Посетено на 2 July 2021.

Надворешни врски

уреди