Градиште II (Драмче)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште II или Присој — градиште од римско време. На левиот брег на Брегалница, на зарамнетото плато на високиот рид (кота 785 м) со површина од околу 100 × 50 м се гледа одбранбен бедем од кој се зачувани темелите. По површината и во неговото подножје се среќаваат многу фрагменти од керамички садови.[1]
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.