Го пратиле дедо в' планина
„Го пратиле дедо в' планина“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси „лош“ дедо кој во песната го праќале на места со некакви си намери, но тој успевал да се враќа со други исходи. Песната има општествен карактер.
„Го пратиле дедо в' планина“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:50 (Октет Македонија) 01:38 (Танец) |
Текст
уреди-Го пратиле дедо во планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде,
полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Го пратиле дедо на дрва,
волците да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде,
полна му торба со волчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Го пратиле дедо на бања,
жените да го истријат,
жените да го избањат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде,
полна му торба со женчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.
Ете го кај иде,
лош дедо, лош дедо,
бреј, бреј, бреј.