Горско (пиво)
Горско — македонски бренд на пиво, кое започнало да се произведува како резултат на потребите на потрошувачите во 2003 година. Со тоа пивско семејство на Пивара Скопје било проширено со уште еден пивски бренд – Горско. Набрзо по неговото појавување, Горско ја зазеде позицијата за која е создадено – водач во својот сегмент на светли пива со полесен вкус.
Горско пиво на полица во маркет | |
Тип | Пиво |
---|---|
Производител | Пивара Скопје |
Земја на потекло | Македонија |
Алкохол по волумен | 4.0% www.pivaraskopje.com.mk |
Стил | Светло |
Матична страница | www.pivaraskopje.com.mk |
Горско,– кога ќе се спомене неговото име, веднаш се добива асоцијација на природа, освежување и чистота, нешта кои се најважни кога станува збор за вкусот на пивото.
Горско e пиво кое ги слави и обединува сите оние коишто знаат да го живеат животот на свој начин. Носечката порака „Твое пиво, твој начин“ е инспирирана од инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.
Сите негови врвни одлики, се доказ дека Пивара Скопје знае да го погоди вкусот на потрошувачите на квалитетно пиво. Поради тоа, но и поради почитувањето на високите стандарди за квалитет и трасираниот пат на успехот од страна на неговиот „постар брат“ СКОПСКО, Горско многу брзо, успеа да стане уште едно омилено пиво на македонските потрошувачи[1].
Галерија
уреди-
Шишиња „Горско“ со стариот (десно) и новиот (лево) дизајн на етикета
-
„Горско“ во стаклена амбалажа
-
„Горско“ во лименки
Наводи
уреди- ↑ „Брендови“. ПОЛНА ЧАША. Посетено на 2018-07-30.