Горички дијалект
југозпаден дијалект на македонскиот јазик
Горички дијалект или корчански дијалект — дијалектно подрачје на македонски говори кое ја опфаќа крајната југозападна граница на македонскиот јазик, а е наречено по градот Горица (Корча) и неговата околина. Својствен е на две села од Горичко: Бобоштица и Дреново. Овие говори изобилуваат со архаизми и балканизми.
Фонолошки особености
уреди- слободен акцент со тенденција за стабилизирање на вториот слог од крајот на зборот
- старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а или а придружено со носна самогласка ам/ан - рáка (рака), зáмби (заби), грáнди (гради), мáнжи (мажи)
- самогласното р преминало во ар - пáрсти (прсти)
- самогласното л преминало во ал - сáлѕа (солза) , вáлна (волна)
- согласна група шч наместо ќ - свéшча (свеќа), плéшчи (плеќи)
- согласна група жџ или само ж наместо ѓ - чýждо, чýжо (туѓо)
Морфолошки одлики
уредиГлаголи
уреди- формите на помошниот глагол сум во сегашно време се:
Еднина | Множина |
---|---|
'еса | 'есме |
'еси | 'есте |
'ести | 'есе |
- идните времиња се образуваат со партикулата жа, која е добиена по фонетски пат шче+да=жа: жа барам (ќе барам), жа банди (ќе биде)
Заменки
уреди- наместо показните заменки за посочување на блиски предмети овој, оваа, ова се употребуваат: сој за м.р. сази (саз) за ж.р. и сози (соз) за ср.р.
- кратките заменски форми за 1 и 2 л. мн. во акузатив се јавуваат во архаичен облик ни, ви: нас ни виде, вас ви виде
Надворешни врски
уреди- Народната приказна Смртта на Крали Марко на горички дијалект (звучна снимка)