Гордонската брана (англиски: Gordon River Dam или Gordon Dam) — двојно свиена лачна брана на реката Гордон во Тасманија, Австралија. Висока е 140 м, и со тао е највисоката брана во Тасманија и петта по висина во Австралија.[1]

Гордонска брана - бетонска лачна брана со висина од 140 м, изградена во 1974 г.

Во 1963 г., Федералната влада на Австралија доделила 5 милиони австралиски долари to Tasmania's Комитетот за хидроелектрика за изградба на крајречен пат кој ќе води од Мејдена во поречното подрачје на реката Гордон во регионот Југозападна Дивина.[2] Изградбата започнала во 1964 г., а за три години,во 1967 г., Парламентот на Тасманија едногласно го одобрил проектот.

Ова е единствената брана на реката Гордон, и покрај големата поддршка од неколкумина тасмански политичари за изградба на други брани низводно.

Браната е конструирана на чело со д-р Серџо Гвидичи како главен хидроинженер - кој подоцна продолжил со изградба и на Кротинската брана на Западнобрежниот планински венец, една од последните позначајни брани изградени во овој период на ревносно хидроградителство.

Со изградбата на браната е создадено и езерото Гордон.

Страничните скалила се употребуваат за двонеделен контролен преглед на браната.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Највисоките брани во Австралија“ (PDF). Здружен австралиски национален комитет за големи брани. Архивирано од изворникот (pdf) на 2011-07-06. Посетено на 7 април 2008. Петте најголеми брани се: Дартмутска брана, 180 м, Викторија; Томсонска брана, 166 м, Викторија; Талбиншка брана, 162 м, НЈВ; Варагамбска брана, 142 м, НЈВ; Гордонска брана, 140 м, Тасманија Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. Thompson, Peter (1981) Power In Tasmania ACF ISBN 0-85802-064-5 стр. 19

Надворешни врски

уреди