Голини – обесшумени, потполно голи или слабо обраснати шумски земјишта, настанати со уништување на шумите. Истовремено тие претставуваат поројни подрачја, од каде пороите го загрозуваат другиот животен и производен простор.

По Втората светска војна, Македонија наследи 337.217 ха голини или 31.7% од вкупната шумска површина, групирани во три географски подрачја и во 12 реони:

  • 1. Централен реон 4.169.468 (50,3%)
  • 2. Западен реон 697.017 (28,8%)
  • 3. Источен реон 270.732 (20,9%)

Радикален пресврт настанал од 1970 г., по формирањето на Републичкиот фонд за пошумување на голините (од 1974 г. Совет), кој изготвил Долгорочна програма за мелиорација на голините за периодот 1971–1991 г., во кој за пошумување биле предвидени 94.000 ха. За реализација на оваа програма беа направени и други подготовки во организацијата на работата, осовременувањето на производството на садниот материјал (контејнерски системи), набавката и употребата на современа механизација и др. Планот бил исполнет со 260%. По завршувањето на Програмата, Фондот се расформирал, а со тоа акцијата за пошумување замрел. Проблемот со голините во РМ и понатаму е присутен.[1]

Наводи

уреди
  1. Голини Архивирано на 18 август 2022 г., „Македонска Енциклопедија“.