Голдов код
Голдовиот код (Голдова низа) е вид на бинарна низа што се користи во телекомуникациите (CDMA)[1] и сателитска навигација (GPS).[2] Голдовите кодови се именувани во чест на американскиот научник Роберт Голд.[3] Имаат ограничени мали накрсни корелации во рамките на едно множество, што е од голема корист кога повеќе уреди емитуваат во ист опсег. Множеството на овие низи се состои од низи, секоја со период од .
Множеството на Голдови низи се создава по следнава постапка. Се земаат две максималнодолжински низи (М-низи, МДН) со иста должина , така што нивната апсолутна накрасна корелација е помала или еднаква на , каде е големината на линискиот поместувачки регистар (ЛПМ) што се користи за создавање на максималнодолжинската низа [4]. Множеството на исклучителни дисјункции од двете низи во нивните различни фази (т.е. преведени во сите релативни положби) е множеството од Голдови кодови. Највисоката апсолутна накрсна корелација во ова множество кодови е за парни и за непарни .
Исклучителната дискункција на два Голдови кода од едно исто множество дава друг Голдов код Gold во некој фаза.
Во рамките на едно множество Голдови кодови, околу половината се урамнотежени — бројот на единици и нули се разликува само за еден.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Џорџ, М., Хамид, М. и Милер А. „Создавачи на Голдов код за уреди Virtex“ PDF (126 КБ)
- ↑ GPS - објаснение (Сигнали) Архивирано на 4 август 2012 г.(англиски)
- ↑ Д-р Роберт Голд Архивирано на 24 јуни 2017 г. (англиски)
- ↑ Gold '67
- ↑ Holmes, стр. 100
- Gold, R. (1967), Optimal binary sequences for spread spectrum multiplexing (Corresp.), IEEE Transactions on Information Theory, 13 (4), стр. 619–621.
- Holmes, J.K. (2007), Spread Spectrum Systems for GNSS and Wireless Communications, Artech House, Norwood, ISBN 978-1-59693-083-4.