Главен стратег на Белата куќа
Главен стратег на Белата куќа (англиски: White House Chief Strategist) — еден од главните советници на Претседателот на САД, одговорен за извршување на долгорочните цели и насоки на владата и да го советува претседателот по сите важни прашања. Функцијата е воведена во 2016 г. од Доналд Трамп како новоизбран претседател, назначувајќи го општественикот и стопанственик Стив Бенон на оваа функција,[1] како и на функцијатата Виш советник на претседателот.
Главен стратег на Белата куќа
White House Chief Strategist | |
---|---|
Извршна служба на претседателот | |
Отчетен пред | Претседателот на САД |
Назначувач | Претседателот на САД |
Создадена | 2017 |
Прв функционер | Стив Бенон |
Место во наследниот ред | — |
Мреж. место | Више раководство |
Иако не е дел од кабинетот во потесна смисла, главниот стратег е на исто рамниште со Началникот на Белата куќа и донесува одлуки рамноправно со него, за кои е потребен потпис од двајцата.[1]
На 28 јануари 2017 г. главниот стратег е назначен за траен член на Советот за државна безбедност на САД со указ на претседателот Трамп.[2]
На 18 август 2017 г. Бенон е отпуштен од функцијата Главен стратег од страна на генералот Џон Кели.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Michael, Shear. „Donald Trump Picks Reince Priebus as Chief of Staff and Stephen Bannon as Strategist“. The New York Times.
- ↑ „Trump puts Bannon on security council, dropping joint chiefs“. Посетено на 29 January 2017.
- ↑ Haberman, Maggie (18 August 2017). „Trump Tells Aides He Has Decided to Remove Stephen Bannon“. Посетено на 18 August 2017.