Гиноводно Езеро
(Пренасочено од Гиноводно езеро)
Гиноводно е ледничко езеро[1] едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа длабодолинка на западниот дел на Црноезерскиот врв на 2,260 m надморска висина. Долго е 109, а широко е 55 метри. Има површина од 12.740 m². Длабоко е 0,80 метри[2]. Орабено е со чист ливадски простор. Во езерото влегува поток, којшто претходно ја прима водата од неколку потоци. Има одлив од само еден поток, кој потоа понира. Бреговите му се чисти и целосно затревени. Се вбројува меѓу најпривлечните на Шар Планина.[3].
Гиноводно | |
Површина | 12.740 м2 |
Должина | 109 м |
Ширина | 55 м |
Длабочина | 0.80 м |
Надморска висина | 2.260 м |
Планина | Шар Планина |
Наводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 57
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година