Гвидо кој ги предизвика Црвените бригади (филм)
Гвидо кој ги предизвика Црвените бригади (ит. Guido che sfido’ le brigate rosse) е италијански филм од 2007 година. Тоа е најновиот филм на режисерот Џузепе Ферара за кој тој, заедно со Даниел Алипранди (ит. Daniele Aliprandi) го пишува сценариото. Главните улоги ги играат Масимо Џини (ит. Massimo Ghini), Ана Галиена (ит. Anna Galiena), Џанмарко Тоњаци (ит. Gianmarco Tognazzi) и Елвира Џанини (ит. Elvira Giannini).
Опис
уредиВо мугрите на 24.01.1979 г., на Виа Фракиа во Џенова, Роберто Дура, припадник на Црвените бригади, заедно со двајца негови другари, чекаат да излезе од дома Гвидо Роса, синдикалец и работник на Италсидер.
Три месеци претходно, Роса го пријави колегата Франческо Берарди за ратурање летоци на Црвените бригади во фабриката. Берарди беше уапсен и осуден на четири и пол години затвор. Во 6 часот и 40 минути Роса се упатува кон својот автомобил на Виа Фракиа за да замине на работа, кога еден од тројцата терористи му пука во нозете согласно договорот на извршниот комитет. Тројцата се оддалечуваат од местото на злосторството оставајќи го синдикалецот ранет во неговиот автомобил. Но Дура се премислува. Се враќа кај автомобилот и го убива Роса.
Во историјата на Црвените бригади, кои една година претходно го убија Алдо Моро, овој настан има ислучително значење. За првпат претставник на класата која Црвените бригади сакаа да ја донесат на власт отворено и смело им се спротивставува на нивните планови; и за првпат претставник на пролетаријатот е убиен свирепо. Со убиството на Роса, Црвените бригади ја запечатуваат својата несоодветност и политичка незрелост. Работничката класа на Италија која присуствува на погребот на Роса (25 000 луѓе од сите краишта на Италија под пороен дожд) е обземена од гнев и презир и отворено и решително го осудува тероризмот и го обележува неговиот пад. Претседателот Пертини положувајќи орден за граѓанска храброст во отворениот ковчег на Роса, јасно ја пренесува пораката од народот.