Гајдарка
Гајдарка (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) – еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана за околу 120 степени.
На предниот дрвен дел од [[слагарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и задниот, кои се помали од другите, се издупчени на иста вертикала. Во мрморецот е вовлечено кратко цевче што завршува на половината од вертикалниот отвор на слагарката. Овие два отвора произведуваат попискав и попродорен тон. На горниот дел од слагарката е прицврстена писка од трска, која се навлекува во внатрешноста на кожата од гајдата, со намена да произведува звук за слагарката.
Литертаура
уреди- Александар Линин. Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 97. Ѓ. М. Ѓ[1].