Галичичка чуваркуќа
Галичичка чуваркуќа Sempervivum galicicum | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Јадрени евдикоти |
Ред: | Каменоломковидни |
Семејство: | Дебелци |
Род: | Чуваркуќа |
Вид: | Галичичка чуваркуќа |
Научен назив | |
Sempervivum galicicum A.C.Smith |
Галичичка чуваркуќа[1] (науч. Sempervivum galicicum) — локален ендемит во флората на Македонија од семејството на дебелците (Crassulaceae), познат само за планината Галичица. Се развива во пукнатини на карпи и камењари, на карбонатна геолошка подлога.[2]
Опис
уредиПовеќегодишно тревесто растение; Стебло 10–25 см високо, густо жлездесто-влакнесто, со неколку топчести розети и со многубројни листови до соцветието.
Листови
уредиЛистовите на розетата збиени, долгнавесто-елиптични или ланцетни, на врвот кусо заострени, 12-15x4-5 мм, зелени, на врвот пурпурни, по работ до врвот со густи цилии, од обете страни со густи жлездести влакна, а на долната страна со трепки. Стеблените листови му се поголеми, на врвот пурпурни, од обете страни со густи жлездести влакна, а по работ и со долги трепки.
Цвет
уредиЦветовите му се скоро приседнати, градат цимозно, густо жлездесто-влакнесто соцветие со долги цилии. Чашката му е жлездесто-влакнеста, 4–5 мм долга, со 3–4 мм долги ланцетни и заострени сегменти. Венечните ливчиња ѕвездесто му се распоредени, 7 x 1,75–2 мм, ланцетни, на врвот кусо заострени, по работ и од грбната страна со ретки жлездести влакна; прашничките филаменти му се бледокремови, а антериите ѓолти. Карпелите 3–5 мм долги, жлездесто-влакнести. Столпчињата 1,5 мм долги, исправени или малку искривени.
Екологија
уредиПо варовнички камењари и карпи над 1400 м.
Распространетост
уреди- Галичица: на варовнички камењар, 1400–1900 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: на варовнички камењар над с. Царина, 1800 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: по варовнички карпи во околината на чешмата, 1550 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: над Преслап, наваровнички камењар, 1925 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: на врвот северно од Преслап, на варовник, 1930 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: Стара Галичица, на варовнички камењар, 1870–1960 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Галичица: Стара Галичица, во околината на Казанот, на варовнички карпи, 1800–2090 м (leg. V. Matevski & M. Kostadinovski) (MKNH)
- Галичица: Томорос, на варовнички камењар, 1500–1700 м (leg. K. Micevski) (MKNH)
Наводи
уреди- ↑ Sempervivum galicicum (A.C.Sm.) Micevski, Fl. Republ. Makedonija 1(4): 1095. 1998.
- ↑ Sempervivum ciliosum var. galicicum A.C.Sm.