Македонија Втора
(Пренасочено од Втора Македонија)
Македонија Салутарис била римска доцноантичка провинција во рамките на Илирската префектура, за првпат спомната во 379 година. Провинцијата ја опфаќала северозападна Македонија (претежно денешната Република Македонија) и била формирана за засилување на одбраната на империјата од варварите. Провинцијата била укината некаде околу 402. година, со припојување на нејзини делови на соседните провинции Нов Епир и Превалитана.[1][2]