Всеслав Полоцки
Всеслав Полоцки бил руски средновековен владетел на Полоцкото кнежевство.
Животопис
уредиКнезот Всеслав долго време се обидувал да го заземе Киев, таа „девојка нему мила“, најпосле успеал во тоа, но владеел со градот само седум месеци, зашто немал поддршка ниту од населението ниту од владеачките кругови. Според Д. С. Лихачов, Всеслав бил во Киев само еднаш, и тоа како заробеник на кнезот Изјаслав. Во 1067 година, Всеслав го зазел градот Новгород и го ограбил. Истата година, на 3 март, кнезовите од родот на Јарославичите (Изјаслав, Свјатослав и Всеволод) го нападнале всеслав кај Немига и му нанесле тежок пораз. Во 1069 година, Вселсав избегал тајно од Белгород во Полоцк, а против него тогаш се кренале кнезовите Изјаслав и Болеслав. Потомците на кнезот Всеслав долго време војувале против потомците на Јарослав Мудриот.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 67-69.