Врхбосна
Врбосна ― средновековното име на мал регион во денешна средишна Босна и Херцеговина, со средиште на истоимената населба која подоцна ќе стане дел од градот Сараево.[1][2][3][4]
Значењето на името на оваа жупа е „врв на Босна“. Единственото познато утврдување во областа во тоа време било Ходидџед.[3] Постоењето на значајната засебна населба Врхбосна било забележано во 14 и 15 век.[4] Врхвосна за првпат била нападната од Отоманската Империја во 1416 година,[4] и конечно била заземена во 1451 година.[1][2][3][4]
Врхосна опстојува кратко по османлиското освојување на Босна во името на месниот вилает, но наскоро името излегло од употреба.[3][4] Во 1550 година, венецијанскиот патник Катерино Зено бил првиот западен човек кој го користел поимот Сараљо (Saraglio, италијанизиран облик на Сараево) наместо Врхобосна за да го опише местото.[4]
Денес е позната како Римокатоличка архиепископија Врхосна, која е архиепископија која во моментов им служи на католиците во Сараево.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hamilton Alexander Rosskeen Gibb (1997). The Encyclopaedia of Islam: SAN-SZE. Brill. стр. 29. ISBN 9004104224. Посетено на 29 август 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Roger Cohen (1998). Hearts grown brutal: sagas of Sarajevo. Random House. стр. 115. Посетено на 29 август 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Hazim Šabanović (1959). Bosanski pašaluk: postanak i upravna podjela (српскохрватски). Naučno društvo NR Bosne i Hercegovine. стр. 28–37. UDC 94(497.6)"14/17". Посетено на 29 август 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Mihovil Mandić (December 1927). „Postanak Sarajeva“. Naroda Starina (хрватски). Хрватски државен архив. 6: 4–13. Посетено на 29 август 2021.
Книжевност
уреди- Fine, John Van Antwerp Jr. (1994). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. The University of Michigan Press. ISBN 0472082604.