„Во селскиот суд“расказ на францускиот писател Ги де Мопасан.

Содржина

уреди

Во Горжевил се одржува судење на кое госпоѓата Баскил го тужи младиот Изидор Патирон. Имено, пред 15 години, таа го примила Изидор кај себе и се грижела за него, а подоцна му поклонила еден свој имот, под услов да не ја напушти до крајот на животот. Меѓутоа, Изидор се оженил и со тоа го прекршил договорот така што г-ѓа Баскил бара тој да го врати имотот. Изидор објаснува дека тој ја исполнил својата обврска кон г-ѓа Баскил, но откако таа се здебелила, тој одлучил да ја напушти. Најпосле, судијата пресудува дека Изидор има право да го задржи имотот, зашто тој е неговиот законски сопственик.[1]

Наводи

уреди
  1. „У сеоском суду“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 264-270.