Востанија предводени од жени

Женско-предводени востанија се масовни протести кои се иницирани од страна на жените. Тие се движат од протести за храна до протестите што ја иницирале руската револуција.

Женскиот марш на Версај за време на Француската револуција

Протести за храна

уреди

E.P. Томпсон ја истакна улогата на жените во многу од протестите за храна.[1] Оваа вклученост на жените е во силен контраст со недостатокот на нивното учество во претходните востанија во крајот на средниот век.[2] Ова покажува дека новата самодоверба на жените е во врска со слабеењето на патријархалната контрола врз жените со слабеењето на феудализмот и проширувањето на пазарот.

Жените исто така учествувале во протестите за храна во Ирска, Белгија, Холандија и Германија (каде жените поттикнале многу протести). Жените исто така, спровеле една третина од протестите за храна за време на Американската револуција.[3]

Француски револуции

уреди

Жените особено биле истакнати во протестите за храна во француските пазари.[4] Еден од поважните француски протести за храна беше Женскиот марш на Версај. Тоа се случи во октомври 1789 година, кога пазарските жени од Париз почнале да ги нарекуваат мажите кукавици и декларирале: “Ние ќе преземеме!". Овие жени продолжија да маршираат до Версај. Оваа толпа потоа го присили кралот да се врати во Париз, каде што, три години подоцна, жените повторно беа главните учесници во демонстрациите, кои доведоа до укинување на монархијата.[5]

Подоцна, за време на Француско-пруската војна од 1871 година, жените беа истакнати во спречувањето на армијата кои ги движела своите топови од Париз, настан кој помогна да се поттикне Париската комуна.[6]

Првата светска војна

уреди
 
Последиците од Берлинските протести за храна, 1918

Протестите на жените за правото на глас станале посебно милитантни во Велика Британија. Тие вклучувале пожар, кршење на прозорци и обиди да упаднат во парламентот и Бакингемската палата. Преминувањето во воен патриотизам во 1914 година, сепак го оспори движењето.[7]

За време на Првата светска војна, жените поттикнале голем број на протести за храна во Германија, Русија, Италија и други земји.[8] Жените работници, исто така, го предводеле патот во штрајк-брановите во Берлин и Париз. Германските власти објавија дека синдикалните водачи прават "се што е можно да се спречат ваквите нарушувања и штрајкови за храна, но... има безброј женски работници кои постојано агитираат и ги промешуваат работите." Проминентноста на жените во овие протести, помогна да се делегетимизира војната и режимите кои се бореле против тоа, отворајќи го патот за огромните штрајк-бранови и револуции на крајот на војната.[9]

Жените исто така, поттикнале протести за храна во не-воинствените Јапонија и Шпанија. Женските протести против високите цени на храната се прошириле низ Шпанија во 1913 и 1918. Во Барселона, во 1918 година, жените го користиле слоганот: "Во името на хуманоста, сите жени на улиците!". Тие организираа константни демонстрации и напаѓале продавници, магацини, владини канцеларии и музички сали. Жените исто така, одржале протести за храна за време на Шпанската граѓанска војна.[10] Тема Каплан теоризира дека востанијата се примери за женската свест.[11]

Руската револуција

уреди

Некои марксисти, како Владимир Ленин, предупредиле против протестите за храна. Но Карл Маркс самиот истакнал дека "големите социјални револуции се невозможни без женската срдба",[12] и во 1917 година, тоа биле женските работници во Петроград, кои ја прошириле идејата за генерален штрајк на 8 Март, Меѓународниот ден на жената. На тој ден, стотици жени фрлаа камења и снежни топки кон фабричките прозорци, а потоа своите машки колеги-работници ги извлеке на улиците, каде што народот немаше проблеми во создавањето на сопствени водачи. Жените учествуваа во немирите така што, на пример, ги напаѓале полициските станици. Многу војници одбиле да пукаат во жените, кои често биле со своите деца. Како што Лав Троцки подоцна напишал, жените ги земале пушките на војниците и речиси заповедале: "Спуштете ги вашите бајонети и придружете ни се", и во рок од пет дена, вековниот царистички режим се распадна.[13]

Гладот го направи трансформирањето на општеството многу потешко за руските работници. Сепак, женските протести за храна, во мај 1918 година, биле тие што го предизвикале првиот голем бран на работнички протести против новата болшевичка власт.[14] Подоцна, за време на програмата за индустријализација и принудна колективизација на Јосиф Сталин, жените повторно беа во првите редови на работничките штрајкови и селанските протести против бруталната политика.[15] Режимот на Сталин сепак ги уништи отпорите со глад и репресија.

Колонијални револти

уреди

Жените биле истакнати во различни револти во колонијалниот и поранешно-колонијалниот свет. Еден од најзначајните во Африка е Женската Игбо војна против Британските колектори на даноци во Нигерија во 1929.[16]

Движењето за граѓански права и феминизмот од 1950-тите

уреди

Бојкотот на сегрегираните автобуси од афроамериканските жени во САД го предизвика движењето за граѓански права, кое потоа инспирирало активисти од целиот свет.[17] Одбивањето на патријархалното семејство и сексуалната репресија од страна на младите жени исто така беше голем фактор во бунтовите во 1960-тите.[18] Феминистичкото движење потоа помогна да се трансформираат половите улоги во следните децении. Жените исто така биле во првите редови на многу протести на работните класи во 1970-тите и 1980-тите.[19]

Создавањето на првите човечки општества

уреди

Студиите на современите ловци-собирачи покажуваат дека нивното силно чувство на морална заедница се одржува од страна на автономни поединци кои постојано се спротивставуваат на каква било форма на лична доминација. Всушност, многу ловци-собирачи се толку егалитарни и комунистички што дури и не-марксистички антрополог како Кристофер Боем тврди дека општествата на ловци-собирачи - првите човечки општества - потекнуваат од востанија против доминантните мажјаци.[20]

Крис Најт, и други антрополози под влијание на Карл Маркс и Фридрих Енгелс, сметаат дека овие востанија биле предводени од жени кои барале колективна поддршка за да се олесни нивната грижа за децата.[21] Тие користат широк спектар на докази од антропологија, приматологија, митски наративи, еволутивна биологија и археологија. Идејата за женско-предводените востанија создавајќи ги првите општества е поддржана од голем број на високо почитувани антрополози. Мери Даглас, Робин Данбар, Дејвид Луис-Вилијамс, Каролина Хемфри, Мерилин Стратерн, Клајв Гембл, Кит Харт и Крис Стрингер сите имаат направено позитивни коментари во врска со работата на Најт.[22]

Наводи

уреди
  1. E.P.Thompson, Customs in Common, p234.
  2. Samuel Cohn, Lust for Liberty, p130-5, 228.
  3. William Sheehan, Riotous Assemblies, p160; Wouter Ronsijn, Western Europe's last food riots: a comparison of the market riots of the 1840's and 1850's in Flanders[мртва врска]; H.Applewhite and D.Levy, Women and Politics in the Age of Democratic Revolution, 127-30; Manfred Gailus in K.Hagemann, Civil Society and Gender, p174-9; Barbara Clark Smith, 'Food Rioters and the American Revolution', William and Mary Quarterly, Vol. 51, No. 1, p3-5, 26-9.
  4. Cynthia Bouton, 'Gendered Behavior in Subsistence Riots', Journal of Social History, Vol.23, No.4; C. Bouton, The Flour War: Gender, Class and Community in Late Ancien Regime French Society.
  5. D. Garrioch, 'Everyday Lives of Parisian Women in the October Days, 1789', Social History, Vol.24, p231-2; H.Applewhite and D.Levy, Women and Politics in the Age of Democratic Revolution, p76, 81ff; Olwen Hufton, Women and the Limits of Citizenship in the French Revolution, p1-49; H.Applewhite and D.Levy, 'Women and Political Revolution in Paris', in Renate Bridenthal, Becoming Visible, Women in European History (1987 Edition), p285-300.
  6. Gay Gullickson, Unruly Women of Paris, p24ff.
  7. Susan Kent, Gender and Power in Britain, 1640-1990, p262, 268-73; Women's Social and Political Union.
  8. Belinda Davis in K.Hagemann, Home/Front; the Military, War and Gender in Twentieth Century Germany, Ch.4; Keith Allen, 'Food and the German Home-Front' and Simonetta Ortaggi, 'Italian Women During the Great War' in Gail Braybon, Evidence, History and the Great War, p181, 190, 218-36; Beverley Engel, 'Subsistence Riots in Russia during World War One', Journal of Modern History, Vol.69; Temma Kaplan, 'Women and Communal Strikes in the Crisis of 1917-1922', in Renate Bridenthal, Becoming Visible: Women in European History (1987 Edition); Lynne Taylor, 'Food Riots Revisited', Journal of Social History, Vol.30, No.2; Manuel Castells, The City and the Grassroots, Ch.4.
  9. Ute Daniel, The War from Within: German Women in the First World War, p293, 246-50; Laura Lee Downs, Manufacturing Inequality: Gender Division in the French and British Metalworking Industries, 1914-39, p119-144; Davis in Hagemann Home/Front ..., p131.
  10. Michael Seidman, Republic of Egos, p102, 219.
  11. Michael Lewis, Rioters and Citizens; Mass Protests in Imperial Japan; Temma Kaplan, Red City, Blue Period: Social Movements in Picasso's Barcelona, Ch.4 and 5; Temma Kaplan, 'Female Consciousness and Collective Action: The Case of Barcelona, 1910-1918', Signs, Vol.7; Kaplan 'Women and Communal Strikes...'.
  12. Manfred Gailus in K.Hagemann, Civil Society and Gender, p178-80; Marx, Engels Collected Works, Vol.43, p184.
  13. Choi Chatterjee, Celebrating Women; Gender, Festival, Culture and Bolshevik Ideology, p43-54; Jane McDermid and Anna Hillyar, Midwives of the Revolution, 147-157; Kaplan in Bridenthal, Becoming Visible...,.
  14. Alexander Rabinowitch, The Bolsheviks in Power, p229-30.
  15. Lynne Viola, Peasant Rebels under Stalin, p176-84, 202-9, 237-8; Jeffrey Rossman, Worker Resistance under Stalin, p6-7, 206, 232.
  16. Bonnie G.Smith, Oxford Encyclopedia of Women in World History, Vol.1, p540; M.J.Diamond, Women and Revolution; Global Expressions.
  17. M. Bahati Kuumba, Gender and Social Movements (2001), AltaMira Press, U.S. p24, 33-4, 74, 80. ISBN 0759101884
  18. 'Women '68ers, Marching on Alone', Lynne Segal,Radical Philosophy, No.149.
  19. Fairweather, McDonough and McFadyean, Only the Rivers Run Free: Northern Ireland, the Women's War (1984), Pluto Press ISBN 0861046684; Wikipedia: Grunwick Dispute; Wikipedia: Women Against Pit Closures.
  20. Christopher Boehm, Hierarchy in the Forest; the Evolution of Egalitarian Behaviour, p1-10, 84-9, 172-3, 193-6, 249, 256.
  21. Chris Knight, 'Sex and the Human Revolution' and 'Solidarity and Sex'; Chris Knight, Camilla Power, Ian Watts, 'The Human Symbolic Revolution', The Cambridge Archaeological Journal Архивирано на 15 септември 2013 г., Vol.5, p75ff; www.radicalanthropologygroup.org/publications.htm.
  22. Chris Knight, Blood Relations; Reviews of Blood Relation; Chris Stringer, The Origin of Our Species.