Волја или позната под името Скалана претставува пештера на планината Галичица која се наоѓа 250 метри источно од патот Охрид - Суво Поле, за село Коњско. Влезот на пештерата е мошне тешко може да се забележи, бидејќи истиот се наоѓа во лескова шума, на наднорска височина од 1450 метри. Вкупната должина на пештерата Војла изнесува 37 м. Длабочината на пештерата, од влезот до дното на најниската галерија достигнува 16 – 17 м. Пештерата Војла е најбогата со украси од сите пештери на планината Галичица. Украсите особено се сретнуваат во второто пештерско проширување, каде се претставени со многубројни сталактити, сливови и пештерски столбови кои имаат пречник и до 10 см.[1]

Волја
МестоГаличица, Македонија Македонија
Длабочина16 – 17 м
Должина37 м
Надм. височина1450 м

Наводи

уреди
  1. Манаковиќ Д., Андоновски Т., Колчаковски Д. (1993): Подземни карстни форми во Националниот парк “Галичица”. Годишен Зборник на ПМФ, Институт за Географија, бр. 31-32, стр.: 37-71, Скопје.

Надворешни врски

уреди