Воздухопловни сили на Македонија

военовоздухопловните сили на Македонија
Воздухопловна бригада на Република Македонија

Амблем на Воздухопловна Бригада
Воздухопловна Бригада
Статус Активен
Формирање 10 јуни 1992
Команда Скопје
Командант Полковник Кире Колевски [1]
Обележја
Флота
Напад Ми-24
Тренинг Злин-242Л/143Л,Белл-206
Транспорт Ми-8/17,Ан-2,Ух-1

Историја:

уреди

Военото воздухопловство на Република Македонија е конституирано со одлука на првиот претседател на Република Македонија г-ин Киро Глигоров на 10 април 1992 година.Со тоа е конституирана командата на ВВ и ПВО, Воздухопловна бригада со воздухопловен, транспортен и борбен хеликоптерски свадрон.

По повод првиот историски лет на македонското воено воздухопловство со авион од типот УТВА-75, 10 јуни се слави како ден на македонското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана.

Генерално развојот на Военото воздухопловство во Република Македонија се движеше на следниот начин:

- Воздухопловна бригада, формирана од 1992 година;

- Воздухопловна бригада од 1994 година;

- Воздухопловен баталјон, во состав на Командата на ПВО и ВВ од 2001 година;

- Воздухопловен ВИНГ, во состав на Командата на ВВ и ПВО од 2002 година;

- Воздухопловен ВИНГ, во состав на Здружената Оперативна Команда од 1 декември 2005 година (Командата на ВВ и ПВО е укината на 30 септември 2005 година);

- Воздухопловна бригада, во состав на Здружената Оперативна Команда од 2012 година.

Мисија

уреди
 
Ми-24В

Обезбедува воздушна поддршка и транспорт на единиците на АРМ, набљудување на воздушниот простор на Република Македонија и ПВО на елементите на борбениот распоред на единиците, позначајни објекти на мали височини, да обезбеди целосен суверенитет на државниот воздушен простор, како и учество во операции за поддршка на мирот надвор од државата. Воедно при елементарни непогоди и катастрофи врши цивилно пребарување и спасување, гаснење на пожари и медицинска евакуација.

Суштински задачи на единицата

уреди

Одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија согласно Уставот, Законот за одбрана и Националната концепција за безбедност и одбрана на Република Македонија;

Поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на РМ, а кои ги надминуваат нивните способности и капацитети

 
Ух-1

Поддршка на органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции, како и на граѓаните во справувањето со природните непогоди и епидемиии, техничко-технолошки и други несреќи.

Воена поддршка како земја домаќин на меѓународни сили на територијата на РМ за извршување на задачи и обврски кои ги презела РМ вклучувајќи и заедничка одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на РМ.

Учество или асистенција во хуманитарни мисии предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи

Учество со декларирани сили во справување со регионални конфликти и кризи во операции во состав и/или предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи

Достигнување на целосна интероперативност и интероперабилност со НАТО алијансата, во сите области и на сите функции и задачи на одбраната и Армијата.

Задачи:

уреди
  • Координација и контрола на плановите на потшинетите единици;
  • Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за подигнување на нивото на борбена готовност согласно проценетата безбедносна состојба и добиените наредби;
  • Планирање и реализација на активности и постапки за поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
  • Организација и спроведување на набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија;
  • Постојано следења на воздухопловите во воздушниот простор над Република Македонија;
  • Навигациска помош на воздухопловите ;
  • Идентификација на воздухопловите во воздушниот простор над Република Македонија;
  • Дистрибуција на слика за состојбата во воздушниот простор до заинтересираните корисници;
  • Автоматска дигитална размена на податоците за ситуацијата во воздушниот простор на регионално ниво;
  • Подготовка за извршување на мобилизација;
  • Постигнување и одржување на борбената готовност;
  • Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
  • Учество на вежби со НАТО и коалиционите партнери.

Учество во мисии во странство:

уреди
 
Ми-17

Мировна мисија “АЛТЕА” во БиХ

Мисијата “АЛТЕА” започна од 14 јули 2006 година во Мостар, БиХ, како дел од ЕУФОР силите за мировни операции, со цел извршување на задачи за нејзините потреби. Задачи кои контингентот ги врши се: • медицинска евакуација (MEDEVAC), • транспорт на МТС и војници, • контрола на границите • патрола од воздух и др. Составена е од 2 хеликоптера Ми – 8/17, 3 посади на хеликоптер, персонал спремен за прв степен на одржување, останат неопходен нелетачки персонал потребен за извршување на летачките задачи, како и офицер за врска чие работно место се наоѓа во Сараево. По поминати 6 месеци во мисија, од 15.01.2007 година, ќе се изврши замена на постоечкиот персонал со нов.

Сквадронот на транспортни хеликоптери учествуваше во 4 ротации на мировна мисија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во време од јули 2006 до јули 2008 година.Согласно новата структура на силите на ЕУФОР во операцијата „АЛТЕА“, истите се намалени,со што придонесот во оваа мировна операција во 2012 година,АРМ остана со медицински тим и правен советник, вкупно 11 лица.Во тек е тринаесеттата ротација на медицинскиот тим и единаесеттата ротација на помошникот правен советник.

Структура:

уреди
 
Ан-2
  • Сквадрон на борбени хеликоптери "Ноќни Молњи"
  • Сквадрон на транспортни хеликоптери "Букефал"
  • Флајт за обука и тренинг „Колибри“
  • Центарот за обука на пилоти
  • Баталјон за воздушно набљудување и јавување
  • Сквадрон на воздухопловно техничко одржување
  • Баталјон за противвоздушна одбрана "Кобри"
  • Вод за Специални Намени "Соколи"

Вооружување и опрема

уреди
 
Злин З 242Л
Воздухоплов Потекло Класа Тип Во употреба Белешки
Мил Ми 24 Русија Хеликоптер Борбен [1] 4 4 Модернизирани од Израелски Елибит
Мил Ми 17 Русија Хеликоптер Транспортен [1] 6 6 Модернизирани од Израелски Елибит
Белл Ух 1 САД Хеликоптер Транспортен [1] 2 Во Резрва
Белл 206 САД Хеликоптер Тренажен [1] 4 Центарот за обука на пилоти
Злин З 242Л Чешка Авион Тренажен [1] 4 Центарот за обука на пилоти
Злин 3 134Л Чешка Авион Тренажен [1] 1 Центарот за обука на пилоти
Антонов Ан-2 Русија Авион Транспортен [1] 1 Во Резрва
Систем Потекло Тип Во употреба
Стрела 10 Русија Систем за ПВО Земја-Воздух [1] 8
Игла Русија Лесно пренослив систем за ПВО
Стрела 2 Русија Лесно пренослив систем за ПВО
М 55 20мм Југославија Артилериски систем за ПВО
Бофорс 40мм Шведска Артилериски систем за ПВО Во Резрва

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-21. Посетено на 2016-01-12.