Воена психологија
Воена психологија - истражување, дизајн и примена на психолошките теории и емпириските податоци кон разбирање, предвидување, и справување со однесувања на пријателски или непријателски сили или на цивилното население, што може да бидат пожелни, опасни или потенцијално опасни за спроведување на воени операции. Воената психологија се преобразува од подгранка на групи на различни психолошки дисциплини во алатка која се користи од страна на војската, како и сите алатки на војската, за да им овозможи на војниците подобро да ги преживеат стресовите на војната, додека со користење на психолошки принципи за дебаланс на непријателските сили со што војската полесно ќе победи во војната. Сите стресови и психички болести кои ги разгледува воената психологија не се специфични само за војската. Сепак, војниците имаат тенденција да се соочуваат со одредена комбинација од овие инаку општи стресови. Воената психологија понатаму се специјализира во потрага на оваа уникатна комбинација на стресови кои ги опфаќаата војската и војната. Овие стресови вклучуваат посттрауматски стресни нарушувања (ПТСН), вина, тешкотии во семејството каде воен ветеран е брачен другар, ноќни кошмари и се враќања назад, и многу повеќе. Воена психологија се применува во советување и третман на стрес и замор на воениот персонал или воени семејства, како и третман на психичката траума.