Воена коса (полски јазик |kosa bojowa) е вид на оружје на стап слична на глејв. Во многу случаи оваа оружје се правело на тој начин што би се преправила коса. Воглавно ја користеле селаните, на пример во XVIII и XIX век воената коса била широко распространета помеѓу полските работници и селани, но се користела и надвор од Полска во Европа и во древните времиња. Коса како алатка за косење во 19-иот век била многу популарна помеѓу селаните, затоа што многу лесно можела да се претвори во смртоносно оружје.

мала
мала

Како оружје на стап воената коса ја карактеризираат голем домет (во блиска борба ), и голема сила на пробив со помош на силата на лостот. Има забележени податоци дека косата пробивала метални шлемови. Косите можеле да се користат во зависност од тактиката за сечење или за прободување, а со својот изглед имале психолошко влијание на непријателот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди