Водомар (Ван Гог)
Водомар (холандски: IJsvogel aan de waterkant, букв. Водомар на брегот) ― слика на масло на платно од холандскиот уметник Винсент ван Гог. Била насликана од јули до декември 1886 година. Речен водомар била насликана во Париз, Франција. Сега се наоѓа во Амстердам, Холандија, во музејот „ван Гог“.
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1886 |
Димензии | 19.0 см × 26.5 см |
Место | Музеј „ван Гог“, Амстердам |
Водомар покажува речен водомар во мочуриште. Птицата е свртена надесно на сликата. Името „Винсент“ е во долниот лев агол на сликата.
Надворешни врски
уреди- „Водомар - Vincent van Gogh - WikiArt.org - encyclopedia of visual arts“. wikiart.org. Посетено на 10 мај 2022.
- „Vincent van Gogh: The Paintings (The Kingfisher)“. vggallery.com. Посетено на 10 мај 2022.