Вимла Суд
Вимла Суд (родена во 1922 година) е првата жена што станала стоматолог во Индија. Дипломирала на Универзитетот во Пенџаб во 1944 година.
Образование
уредиСуд била единствената жена од 30 студенти на нејзиниот час на Стоматолошкиот колеџ ДеМонтморенси во Лахоре.[1] Таа дипломирала на Универзитетот во Пенџаб во 1944 година. Нејзиното семејство било лекари и ја охрабрувале да стане стоматолог. Таа се преселила во Њујорк на пракса и патувала низ Соединетите Држави, завршувајќи магистер по детска стоматологија во 1955 година на Универзитетот во Минесота.[2] По поделбата на колонијата Индија, Суд се преселила во Чандигар.
Кариера
уредиСуд работела во болницата во Велингдон (сега Рам Манохар Лохија), каде со болничарско комбе ги посетувала селата.[2] Подоцна се приклучила на Институтот за постдипломско медицинско образование и истражување Џавахарлал.
Во ноември 2016 година таа организирала Церемонија на бел мантил за студенти за стоматолошки колеџи кои се заколнале на својата професионална заклетва.[3]
Признание и награди
уредиД-р Суд била признаена од Индиското стоматолошко здружение како почитуван виш работник, таа била почестена од ИДА Чандигар на денот на наставниците, 5 септември 2020 година „IDA Faculty Recognition“.
Наводи
уреди- ↑ „India's Ist woman dentist shares journey“. Tribune India. Архивирано од изворникот на 2019-04-12. Посетено на 30 септември 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Nostalgic 90s: When India's 1st woman dentist visited alma mater“. Hindustan Times (англиски). 23 ноември 2016. Посетено на 30 септември 2020.
- ↑ „1st Lady Dentist of the country to hand over White Coats to BDS/MDS 1st Year students at PU | City Air News“. cityairnews.com. Архивирано од изворникот на 2018-06-22. Посетено на 30 септември 2020.