Википедија:1Lib1Ref 2021

#1Lib1Ref
 

од 15 јануари до 5 февруари 2021 година

 

#1Lib1Ref 2021 — меѓународна иницијатива во облик на натпревар за наведување извори во статии коишто се без наводи или содржат непотврдени изјави. Главна цел на иницијативата е подобрување на цитираноста на Википедија во насока на создавање поквалитетна и поверодостојна енциклопедија. Натпреварот бил организиран на локално ниво, односно на Википедија на македонски јазик, и на регионално ниво, односно во Средна и Источна Европа.

Сите заинтересирани лица коишто располагаат со веродостојни извори што можат да послужат за поткрепување на содржината во статиите биле добредојдени да земат учество во натпреварот следејќи го упатството за учество, а на најплодотворните учесници во натпреварот како на локално, така и на регионално ниво им биле доделени награди и уверенија.

Упатство за учество уреди

Основни податоци уреди

  • Почеток: 15 јануари 2021 г. во 00:00 (CET).
  • Крај: 5 февруари 2021 г. во 23:59 (CET).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.

Пријава уреди

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додека сте најавени, пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на натпреварот. Ова овозможува преглед на сите уредувања направени за време на натрепварот и со тоа влегувате во конкуренција на регионалниот натпревар (списокот на сите учесници е достапен тука).
  • Чекор 3: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници.

Придонес уреди

Напомена: Секој навод се препорачува да се додаде во посебно уредување затоа што бројот на придонеси соодветствува на бројот на направени уредувања со бараниот опис. Наведувањето извори е потребно да се врши исклучиво во постоечки статии, така што новосоздадените статии нема да бидат земени предвид како придонес во натпреварот.

Список на учесници уреди

Своето учество во натпреварот може да го најавите со додавање на корисничкото име во продолжение.

  1. Тиверополник
  2. Forbidden History
  3. Pta345MK
  4. Chnitke

Награди уреди

Регионални награди уреди

Најплодотворниот учесник на регионалниот натпревар и најплодотворниот учесник на најуспешната јазична заедница добиле посебно уверение од страна на Фондацијата Викимедија, како и вредносни купони во вредност до 50 долари за набавка на производи од википедиината продавница.

Локални награди уреди

Најплодотворните 10 учесници на локалниот натпревар добиле уверение издадено од страна на Фондацијата Викимедија.

Награди во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема биле наменети за петмината најплодотворни учесници, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 6.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 5.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Четврта награда: купон во вредност од 2.000 денари.
  • Петта награда: купон во вредност од 1.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се наведат најмалку 100 извори во најмалку 50 различни статии!

Резултати уреди

Број Корисник Збирен резултат1 Додадени наводи Збогатени статии
1 Тиверополник 2.183 1.302 881
2 Pta345MK 1.559 1.441 118
3 Chnitke 368 252 216
4 Forbidden History 298 231 67

1 Збирниот резултат претставува збир на бројот на додадени наводи и бројот на збогатени статии.

Надворешни врски уреди

  • The Wikipedia Library/1Lib1Ref — службена страница на иницијативата на Мета.
  • 1Lib1RefCEE campaign — страница на регионалната иницијатива во Средна и Источна Европа на Мета.