Википедија:Фотоловови 2022/Предлози/Езерски Лозја

Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.

Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.

Основни информации

уреди

Место

уреди

Предмет на посета и фотографија ќе биде населбата Езерски Лозја која се наоѓа на два километри до градот Струга, помеѓу градовите Охрид и Струга.

Фотографиите на нашиот тим ќе опфатат преглед на населбата, најважните детали, најинтересните локации и фотографии кои на посетителите на Википедија ќе им ги приложат сите информации.

Најпрво ќе се опфати хотелот Еврохотел заедно со својата надворешност, како паркинг, игралиште, влез и др.

Потоа ќе се опфати плажата пред хотелот.

Веднаш после Еврохотел е Меѓународен универзитет Струга кој исто така ќе биде фотографира со својата околина, содржините, хортикултурното уредување и др.

Ќе биде фотографирана и патеката која поминува покрај овие два објекти и се движи сè до АС кампот. Сметаме дека фотографирањето на патеката од неколку агли ќе придонесен за јасен и сеопфатен приказ на населбата, а ќе бидат опфатени и до сега наведените објекти.

Потоа ќе се фотографира внатрешноста на населбата Езерски Лозја. Улиците, спортските игралишта, местата со продавници и др. Повторно, ќе се даде еден сеопфатен преглед на вантрешноста на населбата и фотографиите ќе прикажат еден вид визуелно пешачење помеѓу куќите во Езерски Лозја.

Потоа, ќе се направи детално фотографирање на АС кампот. Ќе се фотографира локацијата, внатрешноста на кампот и деталите на истиот, односно сите внатрешни градби и монтажи за да се претстави како изгледа.

Ќе се фотографира и пристаништето, плажите, местата за седење и највпечатливите места на брегот на езерот.

Ќе бидат направени фотографии на патиштата кои водат до Езерски Лозја, или поконкретно влезовите и излезите на населбата.

Во план е да бидат фотографирани Јахја Кемал Колеџот и ТИРЗ Струга.

Траење

уреди

Фотоловот би почнал во 10:30 часот и би завршил во 14:00 на ден 19 февруари 2022 година.

Учесници

уреди

Дел од фотоловот ќе бидат двајца учесници:

  • Ана Петроска (Justaphoto.ap) со полупрофесионален апарат со 24.2 мегапиксели камера и 18-55 мм објектив. Nikon D5600 и Nikon D5300. Поаѓањето ќе биде од Крушево со автомобил
  • Соучесник кој ќе патува од Скопје со јавен превоз

Проценети трошоци

уреди
  • 3200 денари

Дискусија на заедницата

уреди
  1.    Не гледам посебна вредност за населбата Езерски Лозја да биде толку детално фотографирана, особено од учесници од други градови, за што ќе бидат потребни поголеми трошоци. Поради тоа, јас не би го поддржил овој предлог за фотолов. Има редици други места од кои ние немаме фотографии. --Ehrlich91 (разговор) 11:48, 15 февруари 2022 (CET)[одговори]

Гласање

уреди