Википедија:Правно одрекување
Општо одрекување од одговорност – Употребувајте ја Википедија на сопствен ризик – Википедија не дава медицински совети – Википедија не дава правни мислења – Википедија содржи спорна и разоткривачка содржина
Википедија содржи статии на многу правни теми; сепак, не постои никаква гаранција дека било која од статиите е точна. Не постои апсолутно никакво осигурување дека било кое тврдење содржано во некоја статија поврзано со правни теми е вистинито, коректно или прецизно. Законот варира од место до место и еволуира преку време — понекогаш доста бргу. Дури и ако тврдењето направено за законот е точно, можно е да е точно само во јурисдикцијата на личноста која ја објавува информацијата; исто така можно е законот да бил сменет, да бил модифициран или необновен за последователните развивање од времето кога информацијата била внесена на Википедија.
Правната информација овозможена на Википедија е (во своето најдобро светло) од општа природа и не може да биде замена за советот на лиценциран професионалец, т.е., од компетентен авторитет со специјализирано знаење кое може да се примени во точните околности на Вашиот случај. Ве молиме контактирајте со локалната адвокатска комора, адвокатско здружение или слична правна организација на адвокати, правници или правни застапници која може да Ви овозможи да дојдете во контакт со компетентен професионален правен застапник доколку немате друг начин на кој можете да дојдете во контакт со адвокат, правник, правен нотар, правобранител, народен бранител или некој друг, адекватен за Вашиот случај, професионалец.
Никој од индивидуалните придонесувачи, системски оператори, развивачи, спонзори на Википедија или било кое друго лице поврзани со Википедија не може да биде одговорен за резултатите или последиците на било кој обид да се користат било кои од информациите презентирани на ова мрежно место.
Ништо на Wikipedia.org или на било кој проект на Викимедија Фондацијата треба да биде сфатено како обид да се понуди или даде правно мислење или на било кој начин сфатено како ангажман во практикувањето на право.