Википедија:Подигни податотека/Непознат автор или лиценца
Ве молиме не подигајте какви било податотеки без да знаете кој е нивниот автор или авторските права кои важат за нив (лиценцата).
Тие ќе бидат избришани.
Видете ја страницата за прашања за авторски права за помош при утврдување на авторот на делото или на нејзините авторски права..
Зошто Википедија мора да ги знае авторот и лиценцата?
Википедија и нејзините корисници мора да знаат што имаат дозвола да прават со едно дело. Поседувачот на авторските права на едно дело (најчесто авторот на делото) обично не дава дозвола за неговото дело да биде променето или редистрибуирано, па Википедија и нејзините корисници мора да се сигурни дека имаат експлицитна дозвола да го прават тоа.