Корисниците и соработниците ја одбележуваат деценијата на проектот со настани насекаде низ светот
На 15 јануари 2001, пред десет години, една веб-страна со чудно име ги покани луѓето од сите краишта да се здружат и да создадат слободна енциклопедија. Почетните резултати беа разочарувачки. Статијата “Астроном” едноставно гласеше: "Научник чија област на истражување е астрономијата.” Шведска: "Земја во Северна Европа. Жителите се нарекуваат Швеѓани. Се зборува шведски. Главен град е Стокхолм.” Физика: "Физиката е многу широка област.”
По овие скромни почетоци, Википедија растеше многу брзо, и 1,000 статии беа напишани за помалку од месец. Во текот на следните пет години, беа лансирани многу нови јазични едиции, и Википедија започна да ги надминува традиционалните енциклопедии во ширина и длабочина. Тајната на нејзиниот успех: секој може да ја уредува било која статија. Во јануари 2006, волонтерот на Википедија Гарет Овен на неговата корисничка страна напиша: "Проблемот со Википедија е дека таа единствено работи во пракса. Теоретски, таа е целосна катастрофа."
Википедија сега ја користат повеќе од 400 милиони луѓе секој месец. Таа обезбедува моментален пристап до висококвалитетни и продлабочени информации, без надомест, и без реклами. Во текот на последната деценија, огромна и уникатна светска заедница на доброволци се вплоти во создавањето на повеќе од 17 милиони статии на 270 јазици, унапредувајќи ја каузата на слободното знаење за секој човек на планетата.
На 15 јануари, Википедија заедницата се собира заедно на повеќе од 200 места насекаде низ светот да ја прослави 10-тата годишница на слободната енцклопедијата. Од конференција во Њујорк до концерт во Прага, од лансирање на нов школски проект во Најроби до полигон за обуки во Амстердам, од пиење пиво во Букурешт до емитување на филм во Тел Авив: настаните се отворени за учество кон сите и ја одразуваат разноликоста на заедницата.
Џими Велс, основачот на Википедија, се присеќава: “Тешко е да се замисли дека поминаа 10 години од кога првпат ја уредував Википедија. Се сеќавам на тој ден. Притиснав на 'Уреди’ и напишав ‘Hello World', и тоа беше почетокот на Википедија и сите нешта кои се случија оттогаш. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ја уредувале Википедија, кои придонеле за оваа голема база на знаење. Сакам да им заблагодарам на сите кои ја читаат Википедија, на сите кои вовлечени во идеите и знаањето. Затоа ја направивме: ја направивме за да ја читате.”
Википедија е раководена од Фондацијата Викимедија, добротворна непрофитна организација основана од Велс во 2003. Таа е целосно поддржана од донации, и само што го имаше најуспешниот настан за собирање на средства во нејзината историја, со повеќе од 500,000 поединечни донации вредни повеќе од 16 милиони долари.
Сју Гарднер, извршниот директор на Фондацијата Викимедија, има амбициозни цели за иднината. "Сакаме да достигнеме до милијарда луѓе до 2015 година. Сакаме да убедиме повеќе читатели да уредуваат. Повеќе жени. Повеќе луѓе од глобалниот југ. Знаеме дека колку уредувачката заедница стане поразновидна, толку енциклопедијата ќе биде поопсежна, поточна и побогата."
Сју Гарднер, извршниот директор на Фондацијата Викимедија, има амбициозни цели за иднината. "Сакаме да достигнеме до милијарда луѓе до 2015 година. Сакаме да убедиме повеќе читатели да уредуваат. Повеќе жени. Повеќе луѓе од глобалниот југ. Знаеме дека колку уредувачката заедница стане поразновидна, толку енциклопедијата ќе биде поопсежна, поточна и побогата."