Википедија:Избрана статија/2021/25
Ернесто Рафаел Гевара (1928 – 1967) — марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција.
Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните друштва патувајќи по светот како Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот. Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи, тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.
Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во нивната листа на 100 највлијателни луѓе во светот во 20 век. Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесетиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд. (Дознајте повеќе...)