Википедија:Избрана статија/2019/09
Близуземски астероиди — мали тела во Сончевиот Систем чија орбита ги носи во близина на Земјата. По дефиниција, близуземски астероид е тело од Сончевиот Систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (АЕ). Доколку орбитата на близуземјиниот астероид минува низ Земјината орбита и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ). Најпознати БЗА и ПОТ се астероидите.
Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети, и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.
Засновано на орбиталните пресметки на БЗА, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗА имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0. (Дознајте повеќе...)