Википедија:Избрана статија/2013/44
Oтворање — поим кој во шахот има две основни значења: фаза во играта и низа од потези. Шахистите се сложуваат со оваа поделба, но во многу книги и статии овие два поими се поистоветуваат и се создава едно пошироко значење на поимот.
Најраната фаза во развојот на партијата е позната како отворање. Во првите неколку потези, шахистите имаат за цел да ги преместат своите фигури од почетните позиции на некои полиња на кои би биле покорисни.
Шаховско отворање е група на почетни потези во шаховската игра. Познатите почетни потези се познати како „отворања“, доколку настануваат со потези на белиот или „одбрани“, доколку настануваат како одговор на црниот. Во шаховската теорија постојат голем број на различни отворања и стотици варијанти и линии во секое отворање одделно.
Низата од потези кои се сметаат за стандарди во почетокот на партијата се наречени „теоретски потези“ или поедноставно „теорија“. Овие дела ги прикажуваат овие потези со примена на алгебарски запис, гранки на отворањата или теориски таблици. Кога партијата започнува да отстапува од познатите потези од теоријата на отворањето, шахистите се вели дека се „надвор од теоријата“. Во некои линии во отворањето, најдобрите потези за обете страни се анализирани до дваесеттиот, па дури и до дваесет и петтиот потег. Професионалните шахисти, поминуваат години во анализа и проучување на шаховските отворања и оваа работа продолжуваат да ја извршуваат и понатаму, бидејќи шаховската теорија на отворањата и понатаму напредува.
На највисоко ниво, долги години, главните стремежи на играта биле да се обезбеди подобра позиција во отворањето, играјќи со бели фигури и постигнување еднаквост во позицијата (анулирање на предноста на противникот), играјќи со црни фигури. Суптината е во тоа што првиот потег му дава мала предност на белиот. Тоа би значело дека белиот прв би нападнал, доколку и обете страни се отворат симетрично. (Дознајте повеќе...)