Википедија:Избрана статија/2013/07
Боја е визуелна перцептивна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлосниот спектар со светлосните рецептори во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се впивањето, одбивањето или зрачењето на светлината.
Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 nm до 740 nm, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно го поврзуваме психолошкиот феномен за боја со физичката спецификација. Бидејќи перцепцијата на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата и оди до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај се не целосно ни ја објаснуваат псхофизичката перцепција на бојата. (Дознајте повеќе...)