Википедија:Избрана статија/2009/46
Боја — видна восприемателна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светлоприемници (фоторецептори) во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се впивањето, одбивањето или зрачењето на светлината.
Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 до 740 нм, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно го поврзуваме психолошката појава за боја со физичката спецификација. Бидејќи восприемањето на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата и оди до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај се не целосно ни ја објаснуваат психофизичкото восприемање на бојата. Повеќе...