Википедија:Избрана статија/2008/41
Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот расплет на Втората светска војна. Прочитај повеќе...