Википедија:Избрана статија/2007/16
Понтифекс Максимус (латински: Pontifex Maximus), што значи „Врховен понтиф“, бил највисокиот свештеник во староримскиот Понтифски Колегијат. Ова била највисоката свештеничка функција во римската религија, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за прв пат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно религиозна функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на Бискупот на Рим.
Денес, „Понтифекс Максимус“ е една од титулите на Бикупот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на згради, паметници и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат. прочитајте повеќе...