Википедија:Запознајте ја Унгарија

GLAM Macedonia
GLAM Macedonia
Hungary
Hungary

Запознајте ја Унгарија е уредувачки едномесечен предизвик за членовите на Вики Клубовите во Република Македонија, што се одржува од 25 јануари 2019 (00:01) до 23 февруари 2019 (23:59). Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија во соработка со Здружението на Унгарците во Република Македонија „Теледом“, кои пак се поддржани од Унгарската амбасада во Скопје.

Цели и правила уреди

Запознајте ја Унгарија е заеднички проект на ГЛАМ Македонија и Здружението на Унгарците „Теледом“, со цел да се намали недостатокот на статии со унгарски теми на Википедија на македонски јазик. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Република Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на триесетте дена, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.

Нема строги правила освен следниве:

  • Учесникот мора да биде член на некој од Вики Клубовите
  • Статијата создадена или надополнета во овој период мора да биде на унгарски теми
  • Статијата може да биде нова или надополнета постоечка статија

Најдобрите пет учесници како и учесникот кој создал најдобра статија, ќе ги добијат своите награди и дипломи на прославата на унгарскиот празник „15 Март“ кој се слави во чест на Унгарската револуција за независност, а која ќе се одржи на 16 март 2019 година во Скопје.

Теми уреди

Како теми за статиите се прифаќаат сите статии од категоријата Унгарија, со нагласок на историја, географија и култура на Унгарија.

Транскрипција уреди

Водич за транскрипцијата на унгарските имиња: тука

Учесници и резултати уреди

Учесниците и нивните придонеси се на следната врска.

Резултати: Во овој предизвик учествуваа 28 Википедијанци, сите членови на Вики Клубовите во Македонија, кои создадоа 408 нови статии за 30 дена. Поените се пресметани според правилото: 1 поен за текст од 3.000 бајти или повеќе, 0,5 поени за помалку од 3.000 бајти текст. Првите петмина најдобри се:

  1. ‎Ina pet - 112,5 поени (113 статии)
  2. ‎Simona Trajkoska - 42 поени (48 статии)
  3. Jtasevski123 - 41,5 поени (45 статии)
  4. Krstevska123 - 34 поени (39 статии)
  5. PetarZdravevski - 34 поени (36 статии)

Најдобра статија: Унгарска револуција (1848)