Википедија:Европски натпревар за научна фотографија 2015
Погледајте ги победничките фотографии на Европскиот натпревар за научна фотографија во Македонија!
Европскиот натпревар за научна фотографија 2015 (ЕННФ) е меѓународен натпревар кој има за цел да ја поттикне јавноста да прави слики на научна тематика и да ги подигне на Ризницата, збогатувајќи ја со содржини од овој вид и приближувајќи ги луѓето до науката.
Замисла
уредиЕвропската култура не може да се замисли без европската наука. Не е доволно само зборува за неа, туку треба и да се покаже. Затоа, треба да ја доловиме и да ја споделиме. Ова е причината поради која одржуваме научен фотоконкурс. Првиот ваков натпревар во Македонија се одржува во текот на ноември и декември 2015 г.
Приклучете ни се, и помогнете ни да ги покажеме најновите наоди од науката!
Овој натпревар се одржува во рамките на Викимедиините проекти бидејќи Википедија е активна средина, посветена на собирање и споделување на образовни содржини за сечија слободна употреба. Со тоа, таа претставува одлична подлога за претставување на научната фотографија. Отворениот пристап, интересот на заедницата и корисниците, како и начелната доверливост се само некои од одликите на оваа слободна енциклопедија кои ја прават погодна за популаризација на науката и научната фотографија. Википедија извонредно добро го овозможува приопштувањето на знаењето, а сликите таму се ценат заради нивниот висок информативен квалитет. Од таа соработка имаат позла како викизаедницата, така и научните фотографи. Натпреваров нека биде една рамка за поттикнување на трајна соработка меѓу нив.
Во периодот од 2011 до 2013 г. оваа замисла беше успешно испробана со Естонскиот натпревар за научна фотографија (Teadusfoto), а сега е вистинското време да го прошириме проектот и неговото влијание. За таа цел, одлучено е во 2015 г. да се одржи ваков натпревар на европско ниво со цел Википедија да добие повеќе наука. Меѓународниот карактер на натпреварот значи досег до пошироката научна заедница на континентот, укажувајќи им на можноста да ги споделат нивните наоди и нивната страст со многу поширока јавност по пат на нагледни средства за приопштување во слободната околина на Викимедиините проекти.
Македонскиот дел на натпреварот
уредиНатпреварот се одвива на два степена: едниот е на ниво на Македонија (и секоја друга земја-учесничка), а вториот е меѓународен. Победничките дела од Македонија потоа ќе одат меѓународниот натпревар до крајот на јануари 2016 г. Во Македонија, натпреварот е предвиден да се одвива во текот на ноември и декември 2015 г.
Награди
уреди- I награда — 400 евра во денарска противвредност
- II награда — 300 евра во денарска противвредност
- III награда — 200 евра во денарска противвредност
- IV награда — 100 евра во денарска противвредност
Правила
уредиВаквите слики се наполно соодветни за Европскиот натпревар за научна фотографија. Ќе се натпреваруваат во категоријата „нефотографски содржини“.
- Европскиот натпревар за научна фотографија 2015 се одржува во декември. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој месец. Исклучок од ова би било доколку месниот натпревар се одвива во друга временска рамка.
- Секој учесник мора да ја регистрира својата е-пошта во нагодувањата на Ризницата (Commons), за да имаме начин да го контактираме. Внесете ја најдолу, во „Нагодувања за е-пошта.“
- Една научна фотографија подразбира добар конкретен опис. Секоја слика треба да има опис барем на англиски. Треба да стои што е претставено на сликата, кога и како е направена и што е важното што треба да се запази на неа. Пример.
- Право на учество има секој, освен членовите на жирито. Бројот на слики по учесник е неограничен.
- Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со слики што вие сте ги направиле или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
- Сликите мора да се подигнат под слободна лиценца, и тоа една од следниве: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0 и CC0 1.0.
- Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со добар квалитет и големина. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж (пример).
Натпреварот не е ограничен само на класични фотографии. Прифаќаме прикази направени со сметачка графика и свесни сме дека не можеме да повлечеме јасна граница помеѓу категориите.
Ќе можете да учествувате и со повеќе слики како предметна целина и ќе се важат како еден поднесок за било која награда, вклучувајќи ја Големата награда. Една целина може да има најмалку 2, а највеќе 10 врзани слики.
Претпочитани формати се .jpg за слики, .ogg за видеоснимки и .png за сметачка графика.
Накусо: како учесник, ќе треба да знаете само кои слики сакате да ги поднесете и што е прикажано на нив. Едноставно појдете на страницата за подигање и проследете ги напатствијата.
Контакт и помош
уредиДоколку имате прашање или ви треба помош, обратете се кај организаторот, Б. Јанкулоски.
Надворешни врски
уреди- Европскиот натпревар за научна фотографија 2015 — општо за меѓународниот натпревар
Напомена: Сите слики на страницава се поднесени на Ризницата во рамките на Естонскиот натпервар за научна фотографија.