Википедија:Дозволи за објавување/PrespaSky
Допис упатен до PrespaSky, веб-место: http://prespasky.com.mk/index.php
- Zdravo,
Da moze da otpocneme sorabotka, slobodno moze da gi prevzemate vestite dokolku navedete izvor PrespaSky.Com pozdrav Jovan Sokolovski
Original Message -----
From: Rašo Avramovski To: contact@prespasky.com Sent: Friday, April 10, 2009 8:43 PM Subject: Молба
Почитувани!
Ние како уредници на македонската верзија на енциклопедијата Википедија (http://mk.wikipedia.org), се ангажиравме за изработка на слободна енциклопедија достапна за сите. Затоа би сакале во нашата енциkлопедија да искористиме материјал и податоци од вашиот сајт (http://prespasky.com.mk/index.php). На македонската википедија се подготвуваат повеќе проекти кои ја третираат македонската историја и култура и проекти за сите населени места. Материјалот би бил објавен под условите на GNU-овата лиценца за слободна документација http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Text_of_the_GNU_Free_Documentation_License). Исто така ве повикуваме и Вас слободно да ги користите нашите текстови кои се во секојдневен постојан пораст. Доколку ни дадете дозвола да го користиме Вашиот материјал како што горе наведено, Вашиот сајт на нашите текстови ќе биде наведен како извор и до него ќе води соодветен линк. Тоа може да доведе и до зголемување на рејтингот на вашиот сајт, бидејќи википедија е еден од најпосетуваните веб портали во Македонија и нејзините статии најчесто се меѓу првите погодоци на претражувачките сајтови како Google и Yahoo. Со почит Тимот на Википедија на македонски јазик
Da da vo red e da se koristat fotografiite SITE no celosni ve molam na niv se gleda logoto na PrespaSky.Com . Inace za vakvava sorabotka moze da objavime i statija samo informirajte me povekje detali okolu makedonskata vikipedija za da napisam nesto tekst okolu sorabotkata i nekakva izjava od vas.
i da ve potsetam deka do neodamna ja koristevme i prethodnata stranica so mnogu golema arhiva sobrana od 2005 godina navamu, linkot do arhivata e prespa.thruhere.net isto mozete da gi koristite informaciite i fotografiite kako sto se dogovorivme i od ovaa veb stranica. pozdrav Jovan Sokolovski
Original Message -----
From: Rašo Avramovski To: Kontakt centar Sent: Friday, April 10, 2009 9:06 PM Subject: Betreff: Re: Молба
Здраво Дали вашата дозвола се однесува само на текстовите или можеме да ги користиме и фотографиите? Бидејќи нашиот проект е мултимедијален имаме потреба од секаков вид на материјал. Ви благодарам однапред. Р.Ѕ. Секоја информација што ќе се користи ќе води до точната локација на вашиот веб сајт. Поздрав Рашо Аврамовски
vo red. koristite gi spored pravilata na Wikipedia. pozdrav Jovan Sokolovski
Original Message -----
From: Rašo Avramovski To: Kontakt centar Sent: Sunday, April 12, 2009 2:53 PM Subject: Betreff: Re: Betreff: Re: Молба
Г-не Соколовски Здраво уште еднаш. Овие два дена активно се разпрашував на викимедија фондацијата и со луѓето кои се одговорни за политиките со слики на википедија. Јас побарав на сликите да се гледа логото, но бев одбиен поради кршење на основните правила. Имено рекламирањето од било каков вид е спротивно од принципите на википедија како проект. Википедија е непрофитна организација и е против какво било спонзорство, а со тоа и рекламирање на било каков ентитет. Некои од сликите користат и реклама. Алтернативно може да се лиценцира делото под CC-BY-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0/). Ова Ви ветува задолжително препишување на заслуга (attribution) − врска до вашето мрежно место на страницата на сликата или текстот. Но не се дозволени жигови. Ви напоменувам уште еднаш дека вашите информации од веб сајтот ни се од голема корист и сме за голема соработка. Ви благодарам уште еднаш и се надевам на брз одговор Рашо Аврамовски