Википедија:Дозволи за објавување/Повардарска епархија

Повардарска епархија на МПЦ уреди

Допис упатен до повардарската епархија на МПЦ, веб-место: http://povardarska-eparhija.org.mk/


Почитувани,
Од името на уредувачите на Internet енциклопедијата Википедија, издание на македонски јазик http://mk.wikipedia.org, се обраќам со цел да побарам од вас дозвола за слободно користење на содржините од вашиот веб сајт.
На Википедија наскоро ќе биде стартуван проект за изработка на посебна страница за сите манастири и цркви посебно. Содржините од вашиот веб сајт се добредојдени.
Крајниот резултат од овој проект ќе биде промоција и афирмација на Македонија, Македонскиот народ, Македонската православна црква, Македонскиот јазик, писмо, култура, културно и цивилизациско наследство.
Материјалите на википедија подлежат под таканаречената GNU Free Documentation License (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html).
Википедија фондацијата е непрофитна организација (http://wikimediafoundation.org/wiki/Home).
...
Со почит
brest,
http://mk.wikipedia.org/wiki/Корисник:Brest,
администратор на википедија на македонски јазик

Следи одговор на барањето,


Со оглед на тоа што целта на нашиот сајт е афирмација на црковниот живот и практикувањето на христијанската православна вера, како и афирмација на македонскиот народ и држава, ги поддржуваме сите обиди кои се во таа насока.
Ја имате нашата дозвола за користење на секцијата посветена на црквите и манастирите во Повардарската епархија, со тоа што на новата страна би можеле да ставите дека содржините се превземени од нашиот сајт или само линк.
Инаку наскоро на нашиот сајт ќе имаме комплетен увид за секоја црква и за секој манастир на територијата на Повардарската Епархија.
Поздрав и секое добро
Никола.