Википедија:Дозволи за објавување/Никола Мартиноски

Никола Мартиноски уреди

Допис упатен до martinoski.mk


Почитувани,

Јас сум Николче Стојаноски, администратор на Википедија на македонски јазик. Денес започнав со средување на статијата за Никола Мартиноски на нашата Википедија, но имаме недостаток на текст и информации. Забележав дека на официјалната страна на нашиот голем академик и сликар има детални информации за животот и делото на Мартиноски, па така јас би сакал да ве прашам дали ќе ми дадете дозвола да го користиме текстот од страницата? Ако ни дозволите, тогаш на Википедија истиот ќе биде без авторски права и секој може да го користи. Ве прашувам за давање дозвола само за текстот, а не за сликите бидејќи тие се од големо значење и се под авторски права на семејството Мартиноски. Еве ја страницата на Википедија за академикот и ќе видите дека нема доволно информации за истата.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Никола_Мартиноски

Ви благодарам од напред,

19 јуни 2010 година.


Ја имам видено страницата и порано и јас се прашував зашто е оставена со толку малку информации. Слободно збогатете го текстот, а со оглед на тоа што и фотографиите и сликите на martinoski.mk се со релативно ниска резолуција имате моја дозвола да употребите и некоја од нив. Би сакал да ве прашам дали истото се однесува и на англиската верзија. Доколку не, дали може да интервенирате и за нејзино збогатување?

Со почит, Никола Мартиновски

21 јуни 2010 година