Видик (ТВ емисија)
Видик е ТВ емисија на српски јазик, која се емитува на вториот програмски канал на Македонската телевизија од 1994.година.
Основоположник на оваа емисија бил реномираниот новинар Драган Николиќ. Во време кога стартуваше, емисијата се емитуваше еднаш неделно и ја подготвуваа десетина новинари.
Денес, Видик се емитува трипати неделно, понеделник и петок во 15 часот, среда во 14.30 со времетраење од половина час и еднаш месечно, во недела, еден час (од 14.30-15.30). Во Видик денес работат тројца новинари, а емисијата ја уредува Јасминка Мирковиќ. Програмските содржини се од мозаичен карактер.
Низ Видик до сега поминале илјадници соговорници од разни области, политичари, музичари, естрадни уметници, академици, доктори, просветни работници, писатели...
Основна мисија на постоењето на оваа емисија е да го негува српскиот јазик и култура, да ја информира српската популација во Република Македонија за активностите на српската заедница во Македонија, да ја следи наставата на српски јазик која се одвива во три училишта во Македонија, да информира за збиднувањата во Р Србија, да гради мостови меѓу двете држави, со цел на задржување на добрососедските односи.
Новинарите го следат обележувањето на значајните датуми од српската историја кои ги обележува Српската заедница.
Видик соработува со сите институции во Р Македонија, со невладини организации,со Српската заедница во Македонија, од која има огромна поддршка, со Демократската партија на Србите во Македонија, како и со Амбасадата на Р Србија во РМ.