Отворен свет
Отворен свет е вид на дизајн на видеоигри каде што играчот може слободно да шета по виртуелниот свет.[1]
Некогаш се користат и изразите „нелинеарна игра“ или „песочник“ (англиски: sandbox, се чита сендбокс) со исто значење[2][3] но отворен свет всушност се однесува само на околината, односно отсуство на виртуелни граници,[4] додека „нелинеарна игра“ може да се однесува на целата приказна, односно дека нема само еден можен тек. Изразот „сендбокс“ (песочник) се однесува на тоа како играчот може да се забавува слободно и покреативно, без граници или „правилен начин“ за играње[5], исто како во физички песочник за деца.
Сепак, и покрај нивното име, некои игри со отворен свет имаат ограничувања на некои места во околината, дали заради таквиот дизајн на играта или привремени ограничувања заради линеарната приказна на играта, како заклучени области или врати.
Наводи
уреди- ↑ Сефтон, Џејми (11 јули 2007). „The roots of open-world games“. GamesRadar. Посетено на 2008-07-25.
- ↑ Логан Букер (2008-07-14). „Pandemic Working On New 'Open World / Sandbox' IP“. Kotaku. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 2008-07-25.
- ↑ „The complete history of open-world games (part 2)“. Computer and Video Games. 25 мај 2008. Посетено на 2008-07-25.
- ↑ Харис, Џон (26 септември 2007). „Game Design Essentials: 20 Open World Games“. Gamasutra. Посетено на 2008-07-25.
- ↑ Бартон, Мет; Бил Логидис (7 април 2009). „The History of Elite: Space, the Endless Frontier“. Gamasutra. Посетено на 2009-12-27.
Надворешни врски
уреди- The 10th Hour 10.09.09: Најдобри 10 игри со отворен свет Архивирано на 2 мај 2010 г.
Оваа статија поврзана со видеоигри е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |