Велика сабота

Саботата пред Велигден
(Пренасочено од Велјасабота)

Велика сабота или Велјасабота (грчки: Μεγάλο Σάββατο, латински: Sabbatum Sanctum) — ден од Страдалната седмица.[1] Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната седмица, односно 7 дена по Лазаровата сабота и шест по Цветници. А според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот.[2] Сабота, значи покој. Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.

Велика сабота
Велика сабота
Христос ги зема праведните од Адот
Наречен иВелјасабота
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
Датумден по Велики петок, 1 ден пред Велигден
ПоврзаноЦветници, Велигден

Обичаи

уреди

Во Македонија некои на Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

Наводи

уреди
  1. „Public Report on Audience Complaints and Comments, April-June 2006“ (PDF). Australian Broadcasting Corporation. Посетено на 4 May 2013.
  2. Денес е Велика сабота[мртва врска]

Надворешни врски

уреди